ФЗО: Започна исплатата на платите на здравствените работници

февруари 21, 2023

Од Фондот претходно најавија дека од денес ќе започне и исплатата на боледувањата, породилните отсуства и рефундациите за осигурениците
Од вчера започна исплатата на платите на вработените во јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки, информира Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

„Исплатата ќе се исплаќа постепено, во етапи, и се очекува да заврши во следните 48 часа. Фондот им се заблагодарува на сите здравствени работници за трпението во овој период кога се соочува со сајбер-напад, кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу“,

пишува во соопштението од ФЗО.

Поради неисплатата на плати откако беше хакиран системот на Фондот, здравствените работници најавија дека револтот ќе го искажат и на протест. Дел од вработените во Градската општа болница „8 Септември“ вчера веќе излегоа на протестот и побараа итно исплаќање на платите.

Покрај платите на здравствените работници, доцни и исплатата на боледувањата, породилните отсуства и разните рефундации кои ги прави ФЗО.

Претходно во текот на денот, оттаму најавија дека од денес ќе почне исплатата и на парите за овие намени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ