ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС: „ЗАЕДНО ЗА ПОЧИСТА ОКОЛИНА!“

април 21, 2022

Во рамки на континуираните активности на корпоративна општествена одговорност – „Со Акција и Дела за Подобар Живот СЕГА и ВЕДНАШ!“, компанијата Еуромакс Ресоурцес обезбеди еко-платнени торби за семејно пазарување на прехрамбени производи и други артикли за широка потрошувачка.

Еуромакс целосно ја финансираше оваа акција и во локална текстилна компанија се произведени неколку илјади платнени торби, како замена на пластичните кеси, со отпечатениот слоган – „ЗАЕДНО за ПОЧИСТА ОКОЛИНА!“.

Торбите веќе почнаа БЕСПЛАТНО да се дистрибуираат на сите заинтересирани домаќинства во регионот, пред сẻ во општините Босилово и Ново Село.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ