ЕУРОМАКС: Продолжуваме со поддршка на локални проекти!

септември 30, 2021

Еуромакс Ресоурцес и во текот на октомври ќе продолжи со кампањата под мотото „Со акција и дела за подобар живот СЕГА и ВЕДНАШ“ за финансирање локални проекти во регионот, се вели во соопштението за јавност што компанијата денес го дистрибуираше.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на компанијата:

„Како општествено одговорна компанија сакаме да нагласиме дека нашата кампања под мотото „Со акција и дела за подобар живот СЕГА и ВЕДНАШ“, во континуитет и непречено продолжува независно од изборниот процес затоа што е од интерес, буквално на СИТЕ жители без оглед на нивните политички, етнички, верски или културни различности.

Со големо внимание ги анализираме јавно промовираните изборни програми презентирани од сите легитимни кандидати за градоначалници во општините Струмица, Босилово и Ново Село. Од понудените содржини сосема е јасно дека сите кандидати имаат квалитетна визија за забрзан развој на општините. Сите програми вклучуваат неопходно потребни проекти со кои во краток рок би можело значително да се подобрат условите за поквалитетен и посреќен живот на нивните сожители.

 

Токму затоа и во оваа прилика како докажани партнери на заедницата, ние јавно се обврзуваме веднаш по изборниот процес на новоизбраните градоначалници да им понудиме безрезервна финансиска и експертска асистенција за ефикасна реализација на најприоритетните проекти наведени во нивните програми.

Посакуваме позитивен и мирен изборен натпревар и очекуваме фер победа на тие кандидати кои ќе успеат да обезбедат најголема поддршка од гласачите!“

Еуромакс во изминатиот период поддржа повеќе проекти, меѓу кои и поддршка за женското претприемништво, земјоделците, сточарите и малите бизниси во општините Босилово и Ново Село, како и за првиот етно – ресторан со едукативен пристап за деца со аутизам и спонзорство за обнова на каналите за наводнување во соработка со АД Водостопанство – Подружница Струмичко поле – Струмица.

За повеќе информации за општествено – одговорните активности на компанијата, чија цел е заедницата полесно да ги надмине последиците од економската криза предизвикана од Ковид пандемијата, погледнете го видео материјалот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ