Home

Perdormire
Економија Струмица

ЕУРОМАКС: Независно мониторинг тело ќе го контролира влијанието на рудникот врз животната средина!

Home

Предрасуди и Стереотипи: ”Рудници на Смртта”, “Еко-Геноцид”… никогаш и никаде на светот не може да постои современо, одговорно и одржливо рударство(!??).

ВИСТИНА: Во минатото, традиционалните техники на рударската индустрија која користела значителни количини ресурси – вода, земја, јагленород и енергија, релативно често предизвикувала штетни влијанија врз животната средина. Ваквите штети, доколку не се менаџираат и третираат со полна одговорност, можат да траат и со децении по затворање на рударскиот капацитет. Токму затоа, во новиот милениум или во последните две децении, науката, експертите од индустријата, владите и невладиниот сектор во целиот напреден свет вложуваат во истражувања, развој и имплементација на нови технологии, методи и стандарди кои, на подолг рок, ги минимизираат последиците од агресивните влијанија врз животната средина. Во тој контекст, само како пример ќе го посочиме буквално секојдневниот напредок во иновации и производство на ,,еко-френдли” рударска механизација, каде машини со погон на дизел мотори сẻ повеќе се заменуваат со електрични мотори, што значително ја намалува емисијата на CO2 … Шведскиот производител ,„Epiroc”, за неколку години, планира нивните машини да бидат на 100% „еко-френдли” погон.

Драги Пријатели, зборуваме за современо и одговорно рударство со примена на „принципи” кои овозможуваат безбедна, корисна и одржлива рударска индустрија. Веруваме дека зачувувањето на животната средина и рударството во 21-от век, може да коегзистираат кога компаниите одговорно се обврзуваат на сет од „принципи”, со фокус на експертско управување и стриктна примена на неопходните мерки базирани на техничко – технолошките унапредувања.

Освен што обезбедува метали и минерали од суштинско значење за континуиран развој на модерното општество (развој на земјоделството, здравството, информатичката технологија и комуникации, снабдување со вода и енергија, транспорт и градежништво), рударството обезбедува можности за економски и социјален развој низ целиот свет. За рударската индустрија тоа вклучува интензивно настојување за примена на етички деловни практики и здрави системи на корпоративно управување во поддршка на одржлив развој и оптимално моќно ублажување или драстично минимизирање на штетните влијанија врз животната средина. Секако, ова може да се постигне само доколку рударските компании работат во широка коалиција со науката, населението, владите и граѓанскиот сектор.

Од генерален аспект, важно е да се спомене дека во рамки на глобалните напори на развиениот свет, уште во 2003 година, во Вашингтон е промовиран познатиот Протокол – „TheEquatorPrinciples”. Екваторските Принципи се рамка за управување со ризик и обезбедување стандарди при утврдување, проценка со еколошките и социјални закани… Потоа – „EHS Guidelines” на Светската Банка (Environmental, HealthandSafetyGuidelines, 2007 година) … реномираната Рударска Асоцијација на Канада (,,MAC”) која го воведе првиот стандард за одржливо рударство – TSM (TowardsSustainableMining) кој денес е глобално прифатена програма за одржливост која ги охрабрува и подржува рударските компании во нивното успешно менаџирање со ризиците еминентни за животната средина и социјалните прашања. Многу респектабилни рударски асоцијации, многу влади, инвеститори и водечки производители гледаат на оваа „TSM” програма како на сет од глобално најдобри практики за одговорно и одржливо рударство.

Во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот” и организираните форми на граѓанско општество во прашања за заштита на животната средина кои се втемелени во ,,Архуската Конвенција”, ние во континуитет се залагаме за широка транспарентност и достапност со аргументирани информации. Подготвени сме за конструктивен дијалог и соработка со сите чинители. Менаџментот на Еуромакс верува дека непосредното вклучување на сите засегнати страни е клучно за да го изградиме и оперираме современиот рударски комплекс „Иловица Штука” како „WIN – WIN” капитален проект од взаемен интерес на инвеститорите и граѓаните.

Ние сме посветени на воспоставување „Независно Мониторинг Тело” како посебно правно лице за перманентна контрола на нашето работење во кое ќе бидат вклучени експерти од науката, претставници на локалните управи, жители од регионот и релевантни граѓански организации ангажирани во заштита на животната средина. На ниту еден начин нема да влијаеме на независното функционирање на ова тело, туку само ќе ги покриваме сите оперативни трошоци за ефикасен надзор, земање примероци од вода и почва, следење на бучава и прашина и контрола на целокупниот производствен процес. За сите Вас, работата и резултатите од нивните наоди ќе бидат транспарентно достапни. Така ќе може да се уверите дека ги исполнуваме нашите ветувања и го одржуваме високото ниво на безбедност и управување со животната средина без недозволени загадувања …

Независното мониторинг тело ќе оствари директна соработка, согласно законските прописи, со сите надлежни државни институции, како и со неодамна формираниот „Граѓански Инспекциски Совет”, по иницијатива на „Зелениот Институт” и 26 невладини организации од нашата држава.