ЕУРОМАКС: Иловица – Штука нема негативно да влијание врз земјоделството и нема да се намалат приносите!

мај 20, 2022

Предрасуди и Стереотипи: Земјоделството во под Огражденскиот регион ќе биде целосно упропастено… ИЛИ Земјоделството ИЛИ Рударството (???)

ВИСТИНА: Науката и експертите се согласуваат дека најдобар победнички избор за брз економски развој е да се инвестира и во современо Земјоделство и во одржливо Рударство.

И Земјоделството и Рударството се стопански гранки од стратешка важност за прогрес и забрзан развој на нашата национална економија. Сите студии и практични искуства потврдуваат дека во 21 век нема објективна причина да не коегзистираат и паралелно да се развиваат. Секако, ова е само доколку се базираат на наука, современи технички и технолошки процеси, примена на највисоки стандарди и добри практики.

Овие две гранки на националната економија се значајни и ниту една од нив не смее да биде неодговорно третирана или запоставена, бидејќи таквата исклучивост и дискриминаторски пристап само би ги продолжиле последиците од економската и социјална рецесија, предизвикани од долгата пандемиска криза.

Во проектот Иловица -Штука, проектираниот технолошки процес аргументирано докажува дека НЕМА да има негативно влијание врз Земјоделството; НЕМА одземање или намалување на постојното обработливо земјиште; НЕМА да ги намали приносите, ниту ќе влијае на квалитативните стандарди за органско производство !!!

Всушност, овој Проект ќе биде од директна корист преку реализирање на проектираните инвестиции во безбеден систем на цевководни мрежи за дистрибуција на чиста вода за домаќинствата од околните заедници, за модернизирање и континуирано одржување на иригациониот систем.

Неспорен ФАКТ – Одржливото Рударство на 21 век и современите рударски капацитети ширум целиот свет не се споредуваат со оние од минатото, затоа што функционираат во хармонија со локалната заедница и со локалното земјоделство.

Значи, нема никакво место за исклучивост од типот ,,ИЛИ – ИЛИ”, туку само за ,,WIN – WIN” модел на паралелен развој!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

СЛИЧНИ ВЕСТИ