ЕУРОМАКС: Еуромакс ги поддржува земјоделците – нова група на жени добија приклучна механизација!

септември 16, 2021

Поддршката на жените земјоделци во општините Босилово и Ново Село продолжува. Интересот кај земјоделците за соработка со Еуромакс ресоурцес и понатаму е голем, а компанијата по четврти пат донираше приклучна земјоделска механизација на оние кои се пријавија преку проектот за поддршка на женското претприемништво. Одличната соработка на Еуромакс со жителите е поддржана од главниот инвеститор Трафигура, кој обезбеди еден милион евра за поддршка на кампањата „Со Акција и Дела за Подобар Живот СЕГА и ВЕДНАШ“ за ублажување на последиците од економско – здравствената криза предизвикана од Ковид пандемијата.

Жените кои во четвртиот круг добија донација велат дека се задоволни од поддршката, но и благодарни што ќе може да си ја олеснат работата на нивите и полесно ќе стигнат до поголеми земјоделски приноси.

Маја Стоилкова од селото Иловица има 37 години и е невработена.

„Со фамилијата чуваме овци над 20 години. Сега имаме 75 овци од кои што произведуваме млеко и сирење, а потоа го продаваме. Наша цел е да засадиме доволно луцерка за храна на овците, но сакавме и да си ја олесниме работата. Аплицирав за рачна фреза и со неа полесно ќе ја преработувам земјата“, вели Маја.

Со земјоделие со занимава и 39 – годишната Фазиле Белчева од селото Штука, која заедно со сопругот ги изнајмуваат нивите кои ги работат.

„Со сопругот одгледуваме компир, тутун, феферона и слично. Имаме изнајмено околу 20 декара земјиште. Јас добив тракторски плугови кои ќе ни овозможат полесно обработување на земјиштето“, вели Фазиле.

Виолета Сирачева, 29 години, од село Радово со сопругот се занимаваат со земјоделие.

„Со сопругот веќе долги години одгледуваме зелка, компир, пиперка и слично. Но исто така се занимаваме и со сточарство, односно имаме 10 крави, од кои го преработуваме млекото и потоа го продаваме. Јас добив рачна фреза и ќе ми помогне полесно да ја обработуваме земјата“, објаснува Виолета.

Демонстрирајќи висок степен на општествена одговорност и желба за регионален развој преку поддршка на локалното население, Еуромакс поддржана од Трафигура во претходните два месеци реализираше уште три циклуси донациите преку проектот на невладината Рурален центар Огражден. При тоа беа опфатени жители од повеќе села во општините Босилово и Ново Село, а поради големиот интерес од жителите беше проширена и со поддршка на сточарството. Земјоделска приклучна механизација досега беше испорачана во селата Ново Село, Смоларе, Иловица, Еднокуќево, Босилово, Радово, Секирник, Дрвош, Турново и Сушица.

Целата приклучна механизација се обезбеди преку локални добавувачи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: