strumica denes logo

До 10.000 евра грант за малите производители на домашен ајвар, сирење, вино, џемови

Автор:

Датум:

февруари 9, 2023

Автор:

Датум:

февруари 9, 2023

Сите оние кои произведуваат домашен ајвар, сирење, џемови и слатка и вино а се регистрирани во агенцијата за храна и ветеринарство ќе може да добијат грант за набавка на нова опрема во висина од 10 илјади евра.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

На владината седница владата усвоила неколку програми со кои се подржуваат малите производители на храна кои имаат легални и контролирани производи за на пазарот.

Покрај поддршката за производи од растителното и животинско потекло продолжуваат годинава грантовите за мали семејни винарии а новина е од оваа година за прв пат и поддршката на мали дестилерии за производство на домашна ракија со грантови од 5 илјади евра за опрема.

Со овие поддршки освен намалуавње на невработеноста, зголемување на понудата од домашни производи направени по традиционални рецепти ќе се обезбеди и сигурност на потрошувачите дека тоа што ќе го купат е конторлирано и безбедно.