Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 79,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 80 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 78,5 денари. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,36 денари за килограм и ќе биде 40,593 денари.