bandr
Економија

БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ ОД ПОЛНОЌ ПОВТОРНО ПОЕВТИНУВААТ, ПОГЛЕДНЕТЕ ЗА КОЛКУ!

Цената на бензините од полноќ ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за 3 денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Билсимовски.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 5.54%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4.50 денари, и еден литар 95-ка ќе чини 67.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 4 денари, и еден литар 98-ца ќе чини 69.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за три денари, и еден литар дизел ќе чини 64.50 денари.