AСОМ: Итно повлекување на предлог законот за игри на среќа – 10 000 вработени ќе останат на улица!

февруари 8, 2023

Дислоцирањето на казината и спортските обложувалници на 500 метри од училиштата е неизводливо, смета АПИС. Реагираат што предлогот е со европско знаменце и ќе биде донесен по скратена постапка, без притоа никој од засегнатите страни да биде прашан за измените. Најголемиот дел од објектите ќе мора да стават клуч на врата, а 10 илјади вработените ќе бидат избркани.

Деловните простории не се подвижни приколки за да можат денеска да бидат на едно место, а утре на друго. Сите имаат повеќегодишни договори за закуп каде што се предвидени ригорозни пенали во случај на предвремно раскинување“ – Горан Стоименов, претставник на АПИС

Ако предлогот биде усвоен, спортски обложувалници ќе може да има само во индустриските зони, на Водно, Зајчев рид и Градски парк. Стоименов не гледа логична оправданост од ваквиот потег.

Ако целта на држвата е да се спречи некоја идна зависност кај младите, што правиме што на секоја автобуска постојка или на секој автобус се залепени реклами и за цигари и за алкохолни пијалоци“– Горан Стоименов, претставник на АПИС

Реагираа и од АСОМ. Велат дека ваквите рестрикции ќе донесат спротивен ефект, па ќе се отворат објекти со нелегален профит.

Ако се стави клуч на врата на легалните спортски обложувалници, обложувањето нема да запре и играчите ќе бараат алтернатива. Обложувањето ќе се префрли на нелегални локации, а државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите“ – Влатко Илијевски, претседател на АСОМ

Владата вчера утврди предлог за измена на Законот за игри на среќа со кој уплатно-исплатните места ќе треба да бидат на оддалеченост од најмалку 500 метри од основните и средните уличишта. Со новиот предлог се зголемуваат и давачките за издавање лиценци за игри на среќа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: