488 работни места ќе овозможи Еуромакс во проектот Иловица-Штука

мај 24, 2018

 

Euromax Resources ДОО („Еуромакс“) по опсежни подготовки, анкети и консултации со локалното население, образовните институции и со бизнис заедницата, објавува список на директни работни места во проектот Иловица-Штука, за кои ќе организира конкурси откако ќе ги добие потребните дозволи за експлоатација. Опсегот на работните места е усогласен со потребите објавени во Физибилите студијата за проекотот, а земени се предвид сугестиите од локалните засегнати страни.

Еуромакс има стратешка определба за вработување на локалното население во проектот. Компанијата ќе организира серија Саеми за вработување и други настани од отворен тип за да објасни како потенцијалните вработени можат да аплицираат за работните места откако ќе ја добие потребната дозвола за експлоатација. Процесот на одбирање ќе се одвива со индивидуален пристап со цел на кандидатите да им се помогне да го најдат најдоброто работно место за себе. Еуромакс ќе обезбеди и сеопфатна обука за работните места во рамките на Проектот, директно или преку своите изведувачи.

Стекнатите знаења и вештини ќе ја подобрат структурата на пазарот на трудот, а тоа ќе ги подобри расположливите потенцијали на регионот.

Подолу е прегледот на работните места:

Рударство Администрација и набавки
Менаџмент (рударски инженери, машински инженери) 7 Менаџмент (менаџмент професионалци, управители) 4
Инженери 13 Сметководители 4
Геолози 5 Администратори 13
Геодети 3 Магацин 6
Техничари 11 Човечки ресурси 3
Администрација 5 Информациска технологија 3
Машинисти (камиони, багери, дупчалки и слично) 155 Чистачи 6
Одржување (монтери, механичари, електричари, заварувачи) 60 Возачи 4
Фабрика, јаловиште и инфраструктура Здравје и заштита при работа
Менаџмент (процесни инженери, металурзи, машински инженери) 5 Лекар 1
Металурзи 3 Медицински сестри 3
Оператори 59 Болничари 2
Одржување (монтери, механичари, електричари, заварувачи) 40
Хемичари 23
Животна средина и заедница
Безбедност Менаџер 1
Менаџер 1 Стручњаци за животна средина и социјални аспекти 4
Персонал 34 Работници 10
Вкупно 488

Истовремено со почетокот на работењето на рудникот во Иловица – Штука, ќе се отворат и три пати повеќе дополнителни индиректни работи места за локалните добавувачи, како резултат на определбата на компанијата, да соработува со локалните компании.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ