strumica denes logo

СТРУМИЧАНИ НА ВРВОТ: POWER AD ОД СТРУМИЦА ВО ГРУПАТА НА 50 НАПРЕДНИ КОНКУРЕНТНИ СТАРТ-АП БИЗНИСИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

Автор:

Датум:

февруари 20, 2019

Категории:

Економија

Автор:

Датум:

февруари 20, 2019

Категории:

Економија

Македонскиот иновативен бизнис PowerAD од Струмица е селектиран во групата на 50 напредни конкурентни старт-ап бизниси од целиот свет на форумот на најголеми приватни инвеститори избран од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Kако што информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија, на Форумот ќе добијат ексклузивна директна можност за финансирање на сопствената бизнис идеја од многубројните инвеститори присутни на годинашниот форум, кои потекнуваат од европските и светски мрежи на бизнис ангели.

„Целосно сме убедени дека овој успех ќе охрабри и многубројни останати македонски носители на иновативни и конкурентни идеи да ги развиваат своите развојни проекти според моделите на WBAF кои поттикнуваат одржлив организациски развој“, изјави Сенаторот на WBAF за Македонија Леонид Наков.

Ксенија Вангелова, директор на BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации истакна дека голем успех е што стартап-от PowerAD од Струмица се најде меѓу првите 50 иноватори на Светскиот форум во огромна конкуренција и додаде дека ова е само почетокот на презентирање на македонските иновативни идеи како потенцијал за вложување од инвеститори и можност за раст на македонските претприемачки проекти.

Форумот се одржува во Истанбул, а македонската делегација ја предводи министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

На форумот учествуваат над 1. 000 учесници од регионот и светот, од меѓународни финансиски и државни институции.