АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ВО НАЈАВА: Трошоците на живот во септември поголеми за 18,7% во однос на лани!

октомври 8, 2022

– Најдоцна до вторник 12 октомври треба да бидат објавени антикризните мерки за ублажување на последиците од енергетската криза, најави вчера министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Во меѓувреме Државниот завод за статистика објави дека трошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18,7, а цените на мало за 14,7 проценти.

– Во финална верзија се мерките кои ќе значат поддршка на најранливата категорија на граѓани. Овие денови до вторник ги финализираме заедно со министерот за финансии и економскиот тим на Владата. Следната недела многу скоро ќе биде објавено кои групи ќе бидат опфатени и колкава ќе биде поддршката што граѓаните ќе ја добијат во следниот период се со цел да излеземе во пресрет на сите ранливи категории на кризата, изјави Тренчевска при посетата на Штип.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ