ЖФК „Тиверија“ од Струмица го освои Купот на Карневалот Струмица 2019!

февруари 26, 2019

Заврши 3-от меѓународен турнир Куп на Карневалот – Струмица 2019. По трет пат освојувач на овој турнир е ЖФК Тиверија Струмица. За разлика од минатите две изданија оваа година турнирот се одржа во кадетска конкуренција односно девојки родени 2005 и помлади. Финалето и натпреварот за 3-то место беа неизвесни до самиот крај и за победниците мораа да решаваат пеналите. Во натпреварот за 5-то место екипата на Бургас беше поуспешна од ЖФК Миравци.

Во полуфинале ЖФК Тиверија Струмица беше подобра од ЖФК Јантра од Габрово со 4:3, додека пак ЖФК Енко со 3:1 ја совлада битолската екипа Топ Гол.

Во финалето по нерешените 1:1 (Тиверија – Енко Пловдив) се пристапи кон изведување на пенали при што посреќна беше екипата на Тиверија Струмица.

За најперспективна фудбалерка беше прогласена Теона Галабовска од Тиверија, најмлад учесник Стефанија Филипова од Топ Гол, најдобар голман Мери Васева од Тиверија, најдобар стрелец Сиљана Михалева од Бургас, најдобар тренер Радомир Николов од Јантра. Во генерацијата 2007 најдобар играч беше Михаела Маркова од Топ Гол, во 2006 Слаѓана Ѓорѓиева од Тиверија и во генерацијата 2005 Јоана Михалева од Енко Пловдив.

Во вкупниот пласман првото место го освои ЖФК Тиверија Струмица, второто ЖФК Енко Пловдив, третото ЖФК Јантра Габрово, четвртото ЖФК Топ Гол Битола, петтото ЖФК Бургас и шестото ЖФК Миравци.

Наградите ги додели членот на Советот на општина Струмица, Александар Ненчев. Исто така од Карневалскиот одбор при Струмичкиот карневал предводен од Александар Цицимов на сите екипи учесници им беше доделен Карневалски медал и пригодни поклони.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ