Perdormire
Спорт

ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТЕН КЛУБ СТРУМИЦА-ГЕОМЕТРИКА УЧЕСТВУВАШЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР ВО СОЛУН!

На 27.Мај 2018-та Женскиот ракометен Клуб СТРУМА – Геотермика, по покана од Женскиот ракометен Клуб АЕП ХОНДА-ПАНОРАМА од Солун Р. Грција, учествуваше на интернационален ракометен турнир ФИЛИА – Солун Р. Грција за генерација 2002-2003-та во спортскиот центар МИКРА во Солун
На турнирот земаа учество следните екипи:
1. АЕП ХОНДА-ПАНОРАМА Солун Р. Грција
2. ОРФЕАС Катерини Р. Грција
3. ЖРК СТРУМА-Геотермика Струмица Р. Македонија
4. ФИЛИПОС Верија Р. Грција
5. ПАНАТЕНАИКОС Солун Р. Грција
ЖРК СТРУМА-Геотермика Струмица го освои третото несто на турнирот во конкуренција од 2002-ра година со генерација 2004-та па дури и 2007-ма. Единствено екипата на ПАНАТЕНАИКОС беше на исто генерацииско равниште со ЖРК СТРУМА – Геотермика. Во четири натпревари нашиот клуб ги постигна следниве резултати:
ЖРК СТРУМА-Геотермика 14:17 ОРФЕАС Катерини
ЖРК СТРУМА-Геотермика 21:19 ФИЛИПОС Верија
ЖРК СТРУМА-Геотермика 18:24 АЕП ХОНДА-ПАНОРАМА Солун
ЖРК СТРУМА-Геотермика 20:13 ПАНАТЕНАИКОС Солун

ЖРК СТРУМА-Геотермика Струмица на турнирот допатува со 23 ракометарки тројца тренери и 3-ца членови на управниот одбор. На турнирот присуствуваа и дел од родителите на нашите ракометарки на кои како гости на прошетка нашиот клуб организираше заеднички превоз.
Голема благодарност за специјалниот перечек до домакинот АЕП ХОНДА-ПАНОРАМА, се гледаме на нашиот турнир во Струмица по повод празникот Св.15 Тивериополски свештеномаченици.