ЗАВРШЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СПОРТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ДАБИЛЕ!

јуни 22, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Заврши реконструкцијата на спортското игралиште во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиле. Денеска го споделивме задоволството од овој нов спортски простор на површина од 1.350 метри квадратни која опфаќа игралиште за фудбал и ракомет и кошаркарско игралиште.

Оваа прва реконструкција на спортското игралиште кое за првпат е асфалтирано пред околу 20-на години, е плод на заедничкото вложување на Општина Струмица и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле, со вкупна инвестиција од 1.142.274 денари, од кои Општината инвестираше буџетски средства во висина од 785.000 денари, а ООУ „Св. Кирил и Методиј“ 357.274 денари од сопствени извори. Покрај реконструкцијата и целосното асфалтирање на игралиштето извршено е и обележување и боење на кошаркарското игралиште.

Реализацијата на овој проект несомнено ќе биде од голема полза за граѓаните на Дабиле, особено за најмладите и учениците кои ќе имаат одлични услови за спортување и физичко образование, со што ќе ползуваат убави бенефити за сопственото здравје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ