strumica denes logo

ЗА НЕВЕРУВАЊЕ: Академија Пандев му даде шест гола на Вардар на последниот тест!

Автор:

Датум:

февруари 11, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

февруари 11, 2019

Категории:

Спорт

Најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар доживеа вистински дебакл на последниот контролен натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната.

На дуелот во Струмица, на теренот на комплексот на ФК Академија Пандев, „вардарци“ во меч кој се играше два пати по 60 минути загуби со неверојатни 6-1.

По првиот час игра „црвено-црниот“ состав загуби со 3-1, а во вторите 60 минути новиот состав на Вардар загуби со 3-0. Стрелци на головите за Академија Пандев биле Љупчо Дориев во два наврати, и Иванов, Николов, и засилувањата Филип Трајановски и Стојанче Велинов. Единствениот гол за Вардар го постигнал Манев.

Академија Пандев преку овој тест дуел за првпат го промовираше и теренот на новоизградениот спортски комплекс во Струмица.

ИЗВОР:EKIPA.MK