Беласица продолжи да тоне, „лавовите“ го срушија тимот на Цицмиловиќ

март 18, 2019

Во дербито на дното од на табелата во рамките на 23. коло на ПМФЛ, Македонија Ѓорче Петров ја надигра Беласица (2-1) и освои три значајни бода во борбата за опстанок во рамки од 23. коло.

Домашните фудбалери пристиснаа од самиот старт и заслужено поведоа по десет минути игра. На голот на Дејан Тантуровски му претходеше зицер на истиот фудбалер во дуелот со Никола Вујанац. Можност за поправен напаѓачот доби во следната акција и се најде на вистинското место по центаршутот на Сабит Билали.

„Лавовите“ доминираа и имаа повеќе од играта, а беа и поблиску до втор погодок. Христијан Кироски биеше од далечина, но топката заврши покрај голот на гостите. Струмичани се израдуваа на момент и ја затресоа домашната мрежа преку Пепи Горгиев. Сепак, голот оправдано беше поништен од главниот судија Александар Ставрев поради недозволена офсајд позиција.

Продолжението донесе рутинска игра на домаќинот и јалови напади на гостите од Струмица, кои немаа сили да избегнат пораз. Одбраната на Македонија ЃП одлично одговори на секоја закана на избраниците на Раде Цицмиловиќ.

Точка на натпреварот стави Боби Божиновски кој со прекрасен удар со глава ги постави конечните 2-0. Асистенцијата му припадна на нововлезениот Бенјамин Демир кој претходно пропушти зицер при првиот допир со топката.

Конечниот резултат во последните минути од мечот го постави Горгиев со гол во 84. минута од натпреварот.

Во следното коло, Македонија ЃП ќе му гостува на Шкупи, а Беласица ќе патува за Тетово каде ќе се соочи со Беласица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: