Во Струмица се прави шампионски тим: Академија Пандев донесе репрезентативец

август 30, 2018

Академија Пандев е најголемо изненадување во Првата македонска фудбалска лига откако по три кола е на чело на табелата со максимални девет бода.

Но, амбициозното раководство на клубот не планира тука да застане. За таа цел денеска е постигнат договор со македонскиот репрезентативец Ванче Шиков кој последните недели тренираше со екипата, но од административни причини немаше право на настап. Се очекува документите да биде комплетирани во следниот период и тој да настапи веќе во следното коло против својот поранешен клуб Работнички.

Шиков е македонски репрезентативец од 2007 година, досега забележа 56 настапи и постигна четири гола, а во својата богата кариера играше за десетина странски екипи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ