ЖФК Тиверија Струмица:
ЖФК Тиверија Струмица е клуб кој инвестира во развојот на своите фудбалерки. Доказ за тоа се и професионалните договори на Викторија и Теодора кои ќе бидат првите домашни фудбалерки во Македонија со Професионален статус.
ЖФК Тиверија Струмица е клуб кој се бори за правата на жените и девојките во спортот и смета дека фудбалерките треба да имаат статус на вработени доколку сакаме истите тие максимално да се посвет на фудбалот.
Амбициите на клубот се се поголеми од година во година, а секако дека во центарот на вниманието се нашите фудбалерки кои се најзаслужни за стабилноста на ЖФК Тиверија Струмица.
Голема благодарност до нашите поддржувачи Општина Струмица и Градоначалникот Коста Костадинов, брендот Mamas foods, ИГМ Еленица, Бензоил, Арена Фитнес, Сала Парк и секако Фудбалската Федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт кои се важна алка во растот и развојот на ЖФК Тиверија Струмица