ВИДЕО: Струмичанецот Наце Митев од трибина ја сними чудесијата од гол на Меси!

мај 2, 2019

„Камп Ноу“ иако важи за најголем стадион во Европа, сепак, беше претесен да ги прими сите навивачи на Барселона на дуелот со Ливерпул. Привилегија да биде на трибините, имаше и еден Македонец, кој го сними ремек-делото на Меси…

Лионел Меси уште еднаш покажа зошто го сметаат за еден од најдобрите во историјата на фудбалот и со два гола ја водеше Барселона до убедлив триумф над Ливерпул. Чудесија од гол беше вториот погодок, од слободен удар, а струмичанецот Наце Митев имаше среќа тоа да го документира со мобилен телефон.

Реваншот меѓу Ливерпул и Барселона се игра на 7 мај, а „црвените“ се надеваат на подвиг, ист каков што направи Рома во ланската сезона, кога се врати од пораз од три гола на „Камп Ноу“, па на „Олимпико“ го елиминира големиот фаворит.

Погодокот на Меси од местото на Наце Митев:

https://www.facebook.com/100014951088304/videos/587001651808199/?t=11

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ