(ВИДЕО) ПРЕКУ 60.000 ЛУЃЕ НА НОЗЕ ЗА ДА ГО ПОЗДРАВАТ НАШИОТ ГОРАН ПАНДЕВ!

ноември 3, 2018

Џенова e целосно немоќна да му се спротистави на Интер во првиот саботен натпревар од 11. коло на Серија А. Нашиот Горан Пандев го почна натпреварот, но тренерот Јуриќ го замени во 54. минута.

Кога Македонецот тргна кон клупата, преку 60.000 луѓе со громогласен аплауз го поздравија некогашниот освојувач на тројната круна со Интер. Пандев на аплаузите и овациите отпоздрави и можеше да се забележи емоција на неговото лице.

Ова не е прв случај „сино-црната“ половина на Милано да му се заблагодарува на нашиот репрезентативен капитен за тоа што го даде играјќи за Интер во минатото.

35-годишниот струмичанец со Интер освои едно скудето, два Купа на Италија, една Лига на шампиони, еден Суперкуп на Италија и еден Мундијал за клубови.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ