ВИДЕО: Пред девет години на „Бернабеу“ се вееше МАКЕДОНСКО знаме – Пандев ја освои ЛШ!

мај 22, 2019

На денешен ден пред девет години Горан Пандев стана третиот Македонец кој успеа да го освои трофејот од Лигата на шампионите, откако во финалето во Мадрид неговиот Интер славеше победа од 2-0 над германскиот гигант, Баерн Минхен.

Тогаш Интер беше предводен од Жозе Мурињо, а нашиот капитен, иако беше новајлија во тимот, беше еден од клучните играчи во таа сезона на „нероазурите“.

Во финалето одиграно на „Сантијаго Бернабеу“, Пандев истрча од првата минута, а двата гола беа дело на Диего Милито, од кои сè уште се зборува за вториот, кога со велемајсторски дриблинг му ја „скрши“ кичмата на Ван Бајтен и рутински реализира.

Таа сезона покрај одличјето во Лигата на шампионите, Пандев се закити и со трофеите од Серија А и Купот на Италија. Струмичанецот во Интер остана до 2012 година, одигра 47 натпревари во кои постигна 6 гола, а тоа лето премина во редовите на Наполи.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ