ВИДЕО: „Пандевци“ ги надиграа „лавовите“ и остануваат хит во мак-фудбалот

февруари 18, 2019

Како што заврши есенскиот дел, Академија Пандев, така го започна и пролетниот. На истокот од земјата попладнево падна Македонија Ѓорче Петров, која беше совладана со 3-0 (1-0), со еден гол во првото и два во второто полувреме.

Првпат оваа сезона Академија Пандев беше домаќин на „Градскиот стадион“ во Струмица. Остоја Стјепановиќ остана на клупата, но гостите и без него започнаа офанзивно. Сепак, од првото влегување во казнениот простор, струмичани креираа шанса преку Дориев во деветтата минута. Три минути подоцна истиот фудбалер беше срушен во казнениот простор, а токму Љупче Дориев пеналот го претвори во домашна предност (1-0).

Голот ги шокираше гостите од Ѓорче Петров и Академија Пандев продолжи да биде поконкретен ривал до одморот. Следеше закана на Иванов, а пред крајот на првиот дел можност имаше и гостинскиот напаѓач Кировски.

Вториот дел не можеше подобро да почне за екипата на Југослав Тренчовски. По две закани од далечина, Марио Крстовски во 63. минута побегна по десната страна и со прецизна дијагонала го совлада Марко Јовановски.

Десет минути подоцна, ветеранот Ацо Стојков го искористи оставениот простор снаодливо од само 2-3 метри со удар со десната нога ги постави финалните 3-0.

Со овие три бода Академија Пандев се доближи на само два бода до второпласиранит Вардар и останува хит на шампионатот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ