(ВИДЕО) Нина Ансарова, гордата струмичанка која се бори во УФЦ!

февруари 13, 2020

Македонија има уште еден УФЦ борец со кој може да се пофали, Нина Ансарова е една од најдобрите девојки во елитната ММА лига, таа е од Флорида, но со потекло од Струмица.

Не е само Алекс Волкановски, Македонија ја има и Нина Ансарова во УФЦ. 34-годишната борачка се натпреварува во дивизијата до 57 килограми.

Нина која го носи прекарот „Д Стрина“, има десет победи и шест порази во УФЦ. Дури пет од шесте порази се со судиска одлука. А четири од десетте победи на Македонката се со нокаут. На последната ранг листа таа е петта во својата дивизија.

УФЦ
Нина Ансарова, гордата Македонка која се бори во УФЦ (ВИДЕО)
Македонија има уште еден УФЦ борец со кој може да се пофали, Нина Ансарова е една од најдобрите девојки во елитната ММА лига, таа е од Флорида, но со потекло од Струмица.

Не е само Алекс Волкановски, Македонија ја има и Нина Ансарова во УФЦ. 34-годишната борачка се натпреварува во дивизијата до 57 килограми.

Нина која го носи прекарот „Д Стрина“, има десет победи и шест порази во УФЦ. Дури пет од шесте порази се со судиска одлука. А четири од десетте победи на Македонката се со нокаут. На последната ранг листа таа е петта во својата дивизија.

Анасарова почнала да тренира Таеквондо уште кога имала шест години. ММА тренинзите ги започнала во 2009 година со цел да ослабе и да се опорави по инцидент со мотор кој го имала. Но полека почнува да станува борец кој гради врвна кариера.

Во професионалните борби дебитира во 2010 година, три години подоцна добива повик од најпрестижната ММА организација, УФЦ. На 7. декември 2013 година го има дебито во УФЦ против Мунах Холанд, Македонката победува со нокаут во третата рунда.

Нина е горда на своето потекло, на телото го има истетовирано македонското знаме.

Таа поради бременост во моментов паузира од борбите, но ветува дека ќе продолжи брзо откако ќе го роди бебето.

„Правам една година пауза поради бременоста, но потоа сто проценти се враќам во октагонот“, потврди Нина во шоу на „ТМЗ“ пред крајот на минатата година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ