ВИДЕО: Интер со историскиот гол на Горан Пандев го најави враќањето во ЛШ!

септември 15, 2018

По пауза од неколку сезони италијанскиот гигант Интер конечно се врати во елитното европско друштво. „Нероазурите“ благодарение на одличната ланска сезона се изборија за учество во Лигата на шампионите, овој „кам-бек“ го најавија со историскиот погодок на нашиот Горан Пандев од пред седум години.

Тогаш, македонскиот репрезентативец постигна мајсторски гол на „Алијанц Арената“, кој беше одлучувачки за победата на Интер од 2-3 и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Назад во Лигата на шампионите! Пандев против Баерн Минхен. Каков кам-бек“, пишува на официјалниот Фејсбук профил на Интер.

Италијанскиот великан во групата фаза во овогодишното издание на Лигата на шампионите ќе се сретне со екипите на Барселона, ПСВ Ајндховен и Тотенхем, а своето деби ќе го има за пет дена кога на свој терен ќе го пречека лондонскиот тим предводен од Маурицио Почетино (18:55 часот).

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: