ВИДЕО: „Гранде Пандев“ со гол ја заврши сезоната во Серија А

мај 20, 2018

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев постигна гол за својата Џенова на натпреварот против Торино и на личен план успешно ја заврши сезоната во италијанската Серија А (1-2).

„Гранде Пандев“ погоди во 80. минута, кога одбраната на противникот киксираше и му подари гол. Џенова е веќе опстаната, па така резултатот на домашен терен против Торино не игра улога на табелата.

Претходно, за „биковите“ погодија Фалке и Базели во 30. и 59. минута, а вреди да се напомене дека гостинот го заврши и мечот со играч помалку затоа што во 83. минута поради втор жолт картон искучен беше Ансалди.

За Горан Пандев погодокот против Торино беше петти оваа сезона во италијанската елита. Џенова е на 12. позиција, а сезоната ќе ја заврши или на тоа место или на 13, во зависност на исходот од мечот меѓу Удинезе и Болоња.

ЛИНК ОД ВИДЕО: blob:https://www.dailymotion.com/f96084d5-828b-445c-bd72-ee1fcad7f5b9

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ