(ВИДЕО) ДОЈДЕ И ТОЈ ДЕН: ДЕВОЈКИТЕ НА „НАКОВСКИ ВОЛЕЈ“ ВО ИСТОРИСКОТО И ПОСАКУВАНО ФИНАЛЕ!

април 18, 2019

„НАКОВСКИ ВОЛЕЈ“ се во големото, историско и посакувано финале на Купот на Македонија, откако синоќа во одлична атмосфера во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица го поразија противникот, односно „Пелистер Волеј“ со резултат од 3:0 во сетови. Големото финале тие ќе го играат против девојките на ОК „Работнички Жени“ во Скопје!

„ФИНАЛЕЕЕ..Тоа е тоа драги наши.Одиме во финале за КУП на Македонија.За четири натпреварувачки сезони и само три во Првата одбојкарска лига,направивме нешто на кое можат да ни позавидат клубови кои долги години се натпреваруваат во Прва Државна лига.Со оваа генерација на девојки(од кои поголемиот дел сеуште се натпреваруваат во младинските категории),ги поставивме темелите на нашиот клуб.Со нив чекор по чекор (од кадетски и младински прваци)еве не во финалето за борба за најпрестижниот КУП на Македонија.Тие се инспирација за многу млади деца кои тукушто започнуваат да играат одбојка . Струмица па и цела Македонија треба да биде горда на нас,затоа што ја вративме публиката на трибините.Ние сме клуб кој има своја химна,кој има публика која навива со срце со сите навивачки реквизити а не како некои кои доаѓаат како на театарска претстава.Честопати дури е и побројна на гостувањата за разлика од онаа на домакините.Затоа пак драги наши ние Вам Ви возвраќаме со нашите достигнувања.Затоа што со стручен штаб кој си ја знае својата работа,со девојки кои навистина сакаат да играат одбојка и публика како онаа што ја имаме,СЕ ПОСТИГНУВА И ОНА НЕДОСТИЖНОТО…“ – напишаа тие на својот официјален фејсбук профил.

 

https://www.facebook.com/1892312814332069/videos/828914477476836/?t=1

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ