(ВИДЕО) ДЕН ЗА ИСТОРИЈА: ФУДБАЛСКИ СПЕКТАКЛ СО ПОЛН СТАДИОН ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА-БЕЛАСИЦА И АЈДУЦИТЕ СЛАВАТ ВРАЌАЊЕ ВО ПРВА ЛИГА!

мај 19, 2018

Со последното коло денеска од 16:30 часот се става точка на второлигашките возбудувања за сезонава на Истокот и на Западот. Веќе се познати новите прволигаши од двете страни, Беласица и Македонија ЃП, па останува уште да бидат познати екипите кои преку баражот ќе бараат шанса за прволигашка промоција.

На Истокот за второто место во битка се штипска Брегалница и велешки Борец. Но, Борец за стигнување до второто место, освен што ќе мора да победи на гостувањето против Саса во Каменица, ќе мора да се „крсти“ и во Беласица која денеска во Струмица мора да извојува победа против штипјани ако сака Борец втора позиција…

Струмичките Ајдуци најавуваат вистинско лудило, многу емоции, песна! Затоа сите на стадион, да го прославиме враќањето во елитата.

https://www.facebook.com/ultras.strumica/videos/1559303697531394/?t=3

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ