ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА ПОЗНАТИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО РАДОВО-ПРИЈАВЕНИ 18 ЕКИПИ!

јуни 11, 2018

 

Вечерва под покровителсттво на пица ресторанот „Монализа“ започнува традиционалниот познат турнир во мал фудбал до Радово со почеток во 21:00 часот. Наградниот фонт на самиот турнир изнесува 150.000 денари. Исто така следуваат и награди за најдобар играч, најдобар стрелец, и најдобар голман. Организаторите велат дека заинтересираноста е навистина доста голема, пријавени се 18 екипи и очекуваат се да биде во најдобар ред.

 

Вечерва турнирот ќе го отвори шампионот од минатата година, екипата на ДМЈ ШТУКА против екипата на ЕЛПИ од Зубово.

Во 22:00 часот своите сили на теренот ќе си ги измерат ДРВОШ МАГНУС СПЕД против БАЛАКАН СКЕЛЕ СУШИЦА

Во 23:00 часот ДИМОВСКИ БОСИЛОВО против 8-ми СЕПТЕМВРИ РАДОВО.

 

Повелете и уживајте!

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ