Ванче Шиков пред трансфер во Академија Пандев!?

август 4, 2018

Ванче Шиков е пред сензационален трансфер во Академија Пандев. Како што дознаваме, со оглед на тоа дека искусниот стопер по заминувањето од Тобол во моментов нема клуб, Шиков добил отворена понуда од страна на раководството на струмичкиот клуб а тој немал ништо против да заигра за „пандевци”.

Со неговото доаѓање секако дека тимот на Академија Пандев и тоа како ќе добие на квалитет, па и на искуство. Посебно ако се знае дека „пандевци” го имаат еден од најмладите ако не и најмладиот состав во Првата лига. Со него одбраната ќе биде „зацементирана”. Секако дека трансферот да се реализира ќе треба и двете страни да ги формализираат деталите околу договорот. Инаку пред да замине во Тобол,Шиков беше дел од составот на Работнички една полусезона.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ