Макеодонската одбојкарска репрезентативка Софија Ричлиева има нов клуб. Таа стави потпис за шпанскиот клуб Премиа Де Далт од Барселона, клуб од Суперлига 2 во Шпанија. Премиа Де Далт минатата сезона ја заврши на петтото место.
„Се работи за добро организиран клуб, кој става акцент на млади талентирани играчи и заедно ќе се обидеме да влеземе во плеј-офот за што е можно подобри резултати.
Ова е едно ново искуство за мене, лига во која не сум се натпреварувала досега. Очекувам брзо да се навикнам, бидејќи веќе играв во повеќе дрзави и различни лиги“, рече Ричлиева.
Нашиот техничар досега настапуваше за: Македонија Макс, Воллеyро Рома (Италија), Орду Турк Телеком, Бујукчекмеџе Волејбол Академиси (Турција), Дреница и Скендерај (Kосово) , Вестсјаелланд (Данска), Лариса (Грција), Брда (Хрватска).