ТРОЈЦА РИБАРИ ОД СТРУМИЦА СЕ НАТПРЕВАУВАА ВО РИБАРСКИОТ КУП ВО КОЧАНИ!

октомври 8, 2018

Во рамките на Рибарскиот куп „Кочански рибар 2018“ – риболов на тапа, денес на езерото „Гратче“ кај Кочани осумдесет и двајца натпреварувачи од најразлични возрасти ги покажаа своите вештини. На натпреварувањето имаше и тројца натпреварувачи од Струмица.

Натпреварувањето започна во 09:00 часот а заврши во 13:00 часот.

По извршеното мерење на уловената риба беа прогласени најуспешните:

Првото место го освои Давид Коцев со 3.120 грама уловена риба, второто Томе Илијев со 3.000 грама а третото му припадна на Драган Георгиев со 2.950 грама уловена риба.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ