ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ И КРИСТИНА ТАСЕВСКА ОД СТРУМИЦА СО ГОЛЕМ УСПЕХ СЕ ВРАТИЈА ОД ЕВРОПСКОТО ИБФФ ПРВЕНСТВО ВО БОДИ БИЛДИНГ И ФИТНЕС ВО МОСТАР!

септември 8, 2021

На 4 септември во Мостар се оддржа ИБФФ Европско првенство во боди билдинг и фитнес. Македонија учествуваше со репрезентацијата која ја сочуваат четири нетпреварувачи и еден делегат. Во голема конкуренција и после неколку месеци напорна работа и подготовки, струмичанецот Трајче Стојанов го освои високото второ место во полутешка категорија.

Трајче своите подготовки ги имаше во „Арена Фитнес“ и „Гладијатор Гим“ во Скопје заедно со својот тренер Тоше Зафиров кој исто така се натпреваруваше, но како ИБФФ ПРО натпреварувач и ова беше последно негово натпреварување како ИБФФ професионалец.

Тоше Зафиров за Струмица Денес изјави дека Трајче успеал да се надмине себеси со крајно макотрпни подготовки со кои покажа висок степен на професионалност.

Струмица имаше уште еден натпреварувач, Кристина Тасевска која исто така постигна успеси.

Тренер на Тасевска беше Томе Даневски.

Честитки до сите!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ