Тиверија Струмица ќе се подготвува за Куп-финалето со екипа од САД

мај 19, 2018

Македонскиот женски прволигаш Тиверија Струмица закажа пријателски меч на кој ќе ја бруси формата за мечот за титула во Купот на Македонија против Драгон.

Комбиниран состав од младинки и прв тим на струмичкиот состав ќе одигра меѓународен пријателски натпревар со екипата на Престиж Сокер Тренинг од САД, која е предводена од македонскиот тренер Ненад Ѓоргиев.

Дуелот е закажан на 25 мај, а ќе се игра на Градскиот стадион во Радовиш. Тиверија Струмица го чека Куп-финалето со Драгон кое е закажано на 30 мај во Пробиштип.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ