strumica denes logo

Тиверија со едната нога во финале на женскиот фудбалски Куп!

Автор:

Датум:

април 13, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 13, 2018

Категории:

Спорт

Екипите на Тиверија Струмица и Драгон од Скопје одиграа натпревари според планот и поради високите победи со едната нога се во финалето на женскиот фудбалски Куп на Македонија.

Фаворитите убедливо ги совладаа ривалите и веќе со мислите се насочени кон мечот за трофеј, иако има уште еден реванш натпревар.

Во првите дуели, Тиверија Струмица на гостувањето кај АС Јунајтед славеше со 2-4. Стрелци за фаворитот беа Николовска која даде два гола, како и Ристовска и Недева кои додадоа по еден.

Драгон, пак, со сигурни 6-0 беше подобар од Борец на домашен терен. Ленче Андреевска постигна хет-трик, Афродита Салихи зад своето име имаше два гола, додека еден гол е дело на Нина Трајковска.

Реваншите од средбите во женскиот Куп на Македонија се закажани на 25 април.