strumica denes logo

Тиверија освои бод во Дојран и ги откажа „истатовки“ од титулата!

Автор:

Датум:

април 11, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 11, 2019

Категории:

Спорт

Екипата на Тиверија Струмица одигра одличен натпревар на гостувањето во Дојран кај Истатов и дојде до бод (2-2), со кој „истатовки“ речиси да ја предадоа титулата во рацете на ривалот на врвот, Драгон.

Младата екипа на Тиверија одигра без респект кон ривалот и двапати водеше, но на крајот домаќинот спаси бод. Двата гола за гостинките ги постигнаа Николовска и Димоска, а за домашните погодија Милчевска и Чубриниска. Хендикеп за гостинот беше и повредата на Лимани, која веднаш беше префрлена во болница поради повреда на рамото.

Натпреварот меѓу Истатов и Тиверија беше заостанат од рамки на 17. коло, поради репрезентативни обврски на фудбалерките.

Лидер во шампионатот е Драгон, со 51 бод, пред Истатов, кој има 46 бода. Тиверија Струмица, пак, зад своето име оваа сезона има 35 бода и со АС Јунајтед води борба за третото место на табелата.