СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ДАНСКА НА КОЛЕНА ПРЕД ГОЛЕМАТА И РАКОМЕТНА МАКЕДОНИЈА НА КИРЕ ЛАЗАРОВ!

март 11, 2021

Македонската ракометна репрезентација под водство на новиот селектор Кирил Лазаров експлодира против Данска, дојде до победа (33-29) во првиот меѓусебен меч и застана на првата позиција во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2022 година.

Светскиот првак ја загуби главата во Скопје! Данците влегоа во овој натпревар премногу растеретени, дојдоа во Македонија на ден на натпреварот, па доживеаја дебакл кој сигурно ќе одекне во ракометниот свет како голема сензација. Лазаров покажа дека го разбира ракометот, првиот натпревар вечно ќе се памети, а оваа победа има и големо значење во битката за ЕП затоа што сега Македонија направи голем исчекор кон континенталниот собир.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: