Суперкупот за ‘сино-белата’ страна на Скопје и струмичанецот Васко Атанасов!

септември 29, 2021

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по четврти пат го освои Суперкупот кој од оваа година го носи името „Драган Василов Цевка“, откако  во СРЦ „Кале“ го совлада Работнички со 79:78.

Двете екипи имаа свои минути, а на крајот одлучи искуството на аеродромци кои во „Јане Сандански“ по четврти пат го носат трофејот од Суперкупот.

Воедно, „сино-белите“ ги обединија титулите од шампионатот и од Купот на Македонија и повторно ја најавија својата кандидатура за највисок пласман во новото првенство.

Адем Мекиќ со 27 и капитенот Дамјан Стојановски со 16 поени беа најзаслужните кошаркари во победничкиот состав.

Во тимот на Работнички се истакнаа Недим Мустафица со 24 и Емерсон со 23 поени.

Честитки за МЗТ и за нивниот тренер, струмичанецот Васко Атанасов!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: