СТРУМИЧКАТА ЕКИПА НА ЈУН ФАН ЛИ-ТИМ ЗОРАН, НАЈДОБРА ЕКИПА НА ТУРНИРОТ ПО „WUSHU SANDA“ СО ОСВОЕНИ 11 ЗЛАТНИ И 6 СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ!

септември 30, 2019

На турнирот по „WUSHU SANDA“ кој за прв пат се одржа во Струмица но и во Македонија, екипата на ЈУН ФАН ЛИ – ТИМ ЗОРАН од Струмица освоија 11 златни и 6 сребрени медали и со тоа беа најдобра екипа на целиот турнир. На самиот турнир присуствуваа гости и од Босна, Србија и Хрватска. Организаторите велат дека турнирот се покажа во добро светло и дека во иднина ќе се потрудат повторно да го организираат. „WUSHU SANDA“ е кинеска дисциплина која е на добар пат да стане олимписки спорт. Во продолжение погледнете дел од фотографиите:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ