strumica denes logo

Струмичка Тиверија одигра моќно и во дербито му се одмазди на Драгон!

Автор:

Датум:

мај 17, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

мај 17, 2018

Категории:

Спорт

Екипата на Тиверија Струмица ја прави битката за титулата во женскиот шампионат интересна, затоа што во дерби-дуелот против Драгон славеше со 2-1 (1-1) и сега и двата тима имаат идентичен број на поени, пред влезот во последните две кола.

Струмичанки до триумфот на својот терен со вештачка трева дојдоа со пресврт. Драгон водеше со погодокот на искусната Афродита Салихи, но потоа, домашните дојдоа до пресврт со погодоци на Николова и Велкова.

И двата тима на две кола пред крај имаат по 57 бода. Наредните две кола ќе одлучат кој ќе биде новиот првак во женскиот мак-фудбал и на тронот ќе го наследи Истатов од Нов Дојран. За Драгон ова беше прв пораз сезонава, по 20 одиграни кола.

РЕЗУЛТАТИ, 20. КОЛО

Атлетико – Речица 2-1
Кочани – Борец 0-3
АС Јунајтед – Тетово 5-1
Истатов – Њу Јорк 3-0 (служ.)
Топ Гол – Каменица Саса 2-0
Тиверија Струмица – Драгон 2-1