Струмичка Тиверија и Драгон ќе бијат битка за Куп-титулата

април 26, 2018

Екипите на Тиверија Струмица и Драгон ќе играат во финалето од Купот на Македонија во женски фудбал, откако ги задржаа позитивите и во реванш-натпреварите кои денес беа на програмата.

Тиверија Струмица беше доминантна и со убедливи 8-0 го совлада АС Јунајтед и во реваншот. Со високиот триумф, клубот го обезбеди второто Куп-финале во историјата.

Противник на струмичанки ќе биде скопски Драгон, кој обезбеди пласман во наредната фаза преку Борец. Фаворитот убедливо го доби првиот натпревар, а ревнашот беше прекинат во 26. минута, затоа што Борец излезе на терен со младински фудбалерки, кои премногу брзо се откажуваа една по една, за на крај тимот да остане со шест фудбалерки и да нема услови за игра.

Причина за комплетно променетиот состав на Куп-натпреварот е смрт на поранешна фудбалерка на тимот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ