strumica denes logo

Струмичка Тиверија го освои Купот на Македонија во женска конкуренција

Автор:

Датум:

мај 31, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

мај 31, 2018

Категории:

Спорт

 

Екипата на Тиверија Струмица го освои трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Во финалето со убедливи 5:0 го совладаа тимот на Драган на стадионот во Пехчево.

По првиот дел, струмичанки имаа еден гол предност, а доминацијата ја потврдија со дури четири погодоци во второто полувреме.

Во листата на стрелци се запишаа: Теодора Димоска, Александра Ристовска, Рабиа Дервиши и Ангела Стојковска која постигна два гола.