СТРУМИЧАНИ СУПЕРИОРНИ: Нека гледа одбојкарска Европа, македонските златни играчи ја заслужуваат сета поддршка!

август 31, 2023

На прекрасен начин најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација го отвори Европското првенство во групата „Ц“ со победа од 3:1 во сетови против Данска.

Многу важен триумф на избраниците на селекторот Јошко Миленкоски на патот кон обезбедување осминафинале, а тоа ќе биде уште поблиску доколку на 2 септември од 20.00 часот ја совладаат и Црна Гора, која е исто така по квалитет сличен на нашиот.

Не беа до крај исполнети местата во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, но присутна беше големата поддршка од трибините за нашите најдобри одбојкари.

Потсетување дека дневните карти за Европското првенство во одбојка мажи се по цена од 500 и 750 денари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ