СТРУМИЧАНИ ЈА ОДНЕСОА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО: СО СОЛЗИ И „БИСЕР БАЛКАНСКИ“ СЕ СЛАВЕШЕ!

јануари 9, 2019

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја оствари посакуваната цел и преку квалификации за првпат во историјата се пласира на едно Европското првенство (ЕП). Во СРЦ „Кале“ падна Унгарија, која беше совладана со сигурни 3-0 (25-21, 25-20, 25-21) и со претходна „помош“ и на други репрезентации, одбојкарите го добија заслуженото. Патот до европскиот ракометен собир беше трнлив, затоа што се зависеше и од други два меча. Шведска требаше да го победи Азербејџан, па потоа Летонија да го добие и Израел, што и се случи, па така, со триумфот без загубен сет се дојде до место во престижното европско одбојкарско друштво. По средбата во СРЦ „Кале“, одбојкарите не издржаа, пуштија солзи-радосници и виеја оро додека во позадина ечеше познатата „Бисер Балкански“…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ