СТРУМИЧАНЕЦОТ ВАСКО АТАНАСОВ ГОРДОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ!

април 7, 2023

Вечерва во Сплит, кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје во Сплит го порази клубот од Сплит.

Поради неможноста на тренерот Николиќ,овој натпревар на МЗТ Скопје го менаџираше неговиот заменик тренер Васко Атанасов од Струмица.

Коментаторите на повеќе спортски медиуми веќе го утврдија неговото менаџирање со играта покрај храбрата игра на кошаркарите.

„Прво би сакал да му се заблагодарам на Сплит за одличниот пречек. Честитки за публиката и убавата атмосфера, но најмногу честитки за мојата екипа и стручниот штаб. Знаевме колку е важен овој меч за да се одржиме во живот. Ова е прва победа на гостински терен оваа сезона и најважна. Одигравме добар меч, го контролиравме мечот скоро 33 минута, сите пофалби до моите играчи“, изјави Атанасов, кој најави дека против Цибона во последното коло салата ќе биде полна.

Инаку, Васко Атанасов нема пораз на четирите натпревари на кои го предводел МЗТ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ