СТРУМИЧАНЕЦОТ ВАНЕ СТОЈАНОВ ДЕЛ ОД НАУЧНАТА ПРОГРАМА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФК БАРСЕЛОНА!

октомври 21, 2019

Од 17- 22 октомври се одржа ексклузивен настан за центарот за иновации во ФК Барселона за учесниците на курсовите за спортска обука кои ги предлага едукативниот центар на ФК Барселона. Во оваа интензивна недела на предавања од луѓето кои работат во ФК Барселона, било овозможено да се прошират знаењата со тоа што била дадена детална перспектива на начинот на кој ФК Барселона се приближува кон спортската индустрија и нуди можност да се видат од прва рака сите активности што го прават клубот да се истакне како еден од најпрестижните во светот.

Дел од оваа научна програма е и струмичанецот Ване Стојанов. Тој вели дека избрал две 4 месечни интензивни програми кој ги предложил центарот за едукација на ФК Барселона и тоа :
1.Напреднат спортски нутриционизам ;
2. Физичка подготовка во тимските спортови

Стојанов истите ги завршил уште пред да дојде во Барселона.

„Задоволство и чест ми е да сум дел од оваа научна програма, стекнам нови знаења и искуства каде ке се стремам кон нивно имплементирање во мојата работа како кондиционен тренер.“ – вели тој за портал Струмица Денес.

Предавачи на настанот се директори на секторите во ФК Барселона , доктори, нутриционисти, тренери во повеке области, поранешни фудбалери и др.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ