strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ СТЕФАН АНДОНОВ Е НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА АМБИЦИОЗНИОТ И СИЛЕН ПЕЛИСТЕР 2!

Автор:

Датум:

јули 28, 2020

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јули 28, 2020

Категории:

Спорт

Покрај тоа што квалитетно го засили првиот тим, раководството на Еурофарм Пелистер со полна пареа работи и на создавање на база на млади играчи кои под водство на Александар Јовиќ пред сè ќе имаат цел да се развијат како ракометари, а потоа и да бидат носители на играта на битолскиот суперлигата.

Денес, Еурофарм Пелистер го претстави како ново заслување нашиот песпективен струмичанец Стефан Андонов. Андонов е роден во 2003 година и во Струмица последниве години покажа квалитетна игра и желба за борбеност во Астраион!

„По 3 години во матичниот клуб „РК Астраион” ми се укажа шанса да бидам дел од кампот на Стефче Алушовски и на 16 години заминав во ракометната академија на „Алушовски” предводена од стратегот Александар Јович. По успешната дебитантска сезона во екипата на Алушовски во првата ракометна лига во Македонија, како млада екипа постигнавме одлични резултати. Желбата и посветеноста кон ракометот ги убеди челниците на Еурофарм Пелистер да ме повикат во нивните редови каде веќе потпишав договор и ќе бидам верен на клубот најмалку 6 години.“ – изјави Андонов за портал Струмица Денес!

Честитки и многу успеси во иднина Стефан!