Perdormire
Спорт

СТРУМИЧАНЕЦОТ НИКОЛА ЃОРГИЕВ СЕ ВРАЌА ВО ТУРЦИЈА, ТАМУ ГО НАЈАВИЈА КАКО БОМБАСТИЧЕН ТРАНСФЕР!

Во моментот еден од најискусниите македонски репрезентативци ќе има нов клуб во својата клупска кариера. Никола Ѓоргиев одлучи да ги брани боите на турската екипа на Инегол Беледиjeспор од сезоната 2020/2021.

– Многу сум среќен да објавам што се враќам назад во Турција. Толку возбуден да се биде дел од Инегол Беледијеспор и се надевам дека ќе имам уште една одлична сезона. Те сакам Турција, се гледаме наскоро – рече Ѓоргиев.

Претходно во Турција настапуваше за составот на Малије Мили Пијанго.

Играше уште за ЏИО Струмица, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Б. Сакаи и Фридрисхафен.

Со нашата најдобра селекција минатата година го освои 17 место на првото Европско првенство.