Струмичанецот Наско Стаменов со скок во височина ќе учестува на Европското првенство во Атлетика за млади

јули 18, 2019

Струмичанецот од Атлетскиот Клуб Струмица, Наско Стаменов ќе настапи на Европското првенство во Атлетика за млади во дисциплината Скок во височина. Тој со неговиот ментор познатиот струмички атлетичар Ване Стојанов се наоѓа во шведскиот град Борас. Осумнаесет годишниот Наско оваа година е со најдобар личен рекорд од прескокнати 196 сантиметри. На првенство ќе брка пласнам помеѓу 10 учесници во оваа дисциплина. Европскиот шампионат во Атлетика за млади до 20 година се одржува во Борас, Шведска од 18 до 21 Јуни, а меѓу 1114 учесници од 48 земји се и двајца македонци.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ